Во пресрет на завршниот турнир од Лигата на шампионите, кој се игра овој викенд во Келн, европските ракометни фанови преку гласање на официјалниот портал на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги избраа најдобрите играчи на своите позиции.
За секоја од седумте позии ЕХФ предложи по четири играчи. На ова гласање се прилучиле 27.000 фанови од цела Европа.
Во категоријата за десен бек избран е македонскиот репрепрезентативец Кирил Лазаров, кој со својот тим Барселона на завршниот турнир ќе се обиде да ја освои европската круна. Лазаров успеа супериорно да ја добие довербата на 11169 гласачи или нешто над 42 проценти од вкупниот број гласови за позицијата десен бек.
Членот на РК Вардар и репрезентативецот на Русија, Тимур Дибиров ја доби довербата на 9593 гласачи или 36,11 проценти за позицијата лево крило со што се најде во идеалниот состав за натпреварувачката 2013/14 сезона во ракометната Лигата на шампиони.
2013/14 ЕХФ Лига на шампиони олстар-состав:
Лево Крило: Тимур Дибиров (Вардар) 36,11% (9,593)
Лев Бек: Момир Илиќ (Веспрем) 54,60% (14,507)
Пикер: Ренато Сулиќ (Веспрем) 56,45% (14,997)
Централен Бек: Микаел Хансен (ПСЖ) 43,99% (11,686)
Десен Бек: Кирил Лазаров (Барселона) 42,04% (11,169)
Десно Крило: Лук Абало (ПСЖ) 42,73% (11,353)
Голман: Никлас Ландин (Рајн-Некар Ловен) 44,03% (11,699)
На порталот беше овозможено ракометните фанови да гласаат и за најдобар одбранбен играч. Таа награда ја понесе играчот на Веспрем Шух Тимузин со освоени 13091 гласови или 49,27 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.