| четврток, 6 декември 2018 |

Само три отсто од Французите сакаат Оланд да биде кандидат на социјалистите во 2017 година

Францускиот претседател Франсоа Оланд се најде на нивото од каде ја започна трката за освојување на Елисејската палата, бидејќи слично како и во 2011 година и денес само три отсто од Французите сакаат тој да биде претседателски кандидат на социјалистите во 2017 година, јави дописникот на МИА од Париз.

Fransoa-Oland-slavi

Ваквиот заклучок произлегува од анкетата на јавното мислење спроведена од „ОпинионЗел“ за конзервативниот весник „Фигаро“. Ако трите проценти беа за гордеење во 2012 кога Франсоа Оланд победи, денес тие изгледаат како потврда на неговиот „развод“ со Французите.

Истото испитување покажува дека актуелниот премиер Мануел Валс ужива поголема поддршка од Оланд, како кај Французите, туку и меѓу симпатизерите на социјалистите. Дури 40 отсто од симпатизерите на социјалистите сакаат за кандидат за претседател да биде Валс, додека само 15 проценти се за актуелниот претседател Оланд.

Сличен е односот и на ниво на сите испитани гласачи, само три проценти од Французите сакаат Оланд да биде кандидат, додека 26 отсто одговориле дека тоа треба да биде Мануел Валс. Оланд треба да биде загрижен, бидејќи и неговата стара ривалка Мартин Обри ужива поголема поддршка кај социјалистите, од за него високи 16 проценти. Француските социјалисти во 2011 за да го изберат свјот кандидат за претседател организираа прелиминарни избори и сега би изгледало нелогично да се откажат од тој „демократски инструмент“ за идните претседателски избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top