на 85 годишна возраст синоќа почина американскиот сопственик на Манчестер Јунајтед Малком Глејзер. Тој го презема најголемиот клуб во Англија пред девет години, но не беше прифатен од навивачите на клубот. Сепак со неколку силни засилувања и освоени трофеи ја смири топката со фановите. Тој за девет години им донесе пет титули во премиер лигата и една во лигата на шампионите.
Тој беше сопственик и на Тампа Беј Буканерс клубот во американскиот фудбал со кој го освои првенството во 2003 година.
Глејзер има шест деца,а двата сина кои се потпретседатели во Јунајтед ќе го преземат раководењето на клубот.
Последната одлука на сопственикот на клубот беше доведувањето на Луј Ван Гал на кормилото по отказот на Дејвид Мојес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.