Поранешниот пратеник на СДСМ Јани Макрадули преку пост на својот ФБ профил побара опозицијата да не и посветува големо внимание на Роза Топузова- Каревска, која единствено од 34-те опозициски пратеници се одлучи да седне во Собранието и да го прифати пратеничкиот мандат.
На мртов Германец сите шмајзери извадија. А против Груевски да се напише нешто? Или треба да ги ставиме на тапет сите од ЛДП, заради лакомоста и корумпираноста на Роза?, напиша Макрадули.
Макрадули во коментарите додава дека ако СДСМ се бори вон институциите, тоа треба да го направи и на локално ниво и потенцира дека дека тоа јавно и го побарал на ЦО пред Конгресот. Макрадули алудира на општините каде локалната власт ја има СДСМ, како што е случајот со лидерот на партијата и струмички градоначалник Зоран Заев и лидерот на ЛДП и градоначалник на скопски Центар, Андреј Жерновски, лидерите кои стојат зад одлуката да се поднесат оставки до Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.