Припадници на украинската армија и вооружени проруски сепаратисти водат жестоки борби за контола над меѓународниот аеродром во источноукраинскиот град Донецк.
Како што јави ИТАР-ТАСС, борбите се водат „речиси во текот на целиот ден“, при што проруските сепаратисти држат под контрола речиси половина од реонот на аеродромот. Во борбите нема офанзивни акции, туку тие се ограничени на позициони судири, а областа ја надлетуваат и украински воени авиони.
За разлика од реонот околу аеродромот во самиот Донецк состојбата е мирна. Градот нормално се снабдува со електрична енергија и вода, а редовно функционираат и телефонските линии.
Во меѓу време, украинскиот премиер Арсениј Јацењук од Берлин го повика рускиот претседател Владимир Путин „да го блокира преминувањето на вооружени бунтовници“ од Русија во Украина и снадувањето на проруските сепаратисти со опрема и муниција.
– Состојбата во источниот дел се усложнува. Голем број камиони со муниција и вооружени лица обучени во Русија ја минаа руската граница и влегоа во Украина – изјави Јацењук, кој е во посета на Германија.
Според него, доколку „руското влијание биде елиминирано“ кризата во источна Украина може многу брзо да се реши.
– Ако Русија излезе од игра, ние можеме да се справиме со состојбата за една недела, порача Јацењук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)