| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел инсистира Путин да им се придружи на западните лидери на церемонијата во Нормандија

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека својот одлучен став против руската анексија на Крим во еден дел го зазела и заради лекцијата од двете светски војни, но додаде дека од витално значење е да се разговара со Москва.

Russian president Putin in Berlin

Обраќајќи им се на студентите по повод отворање на изложба за Првата светска војна, Меркел изјави дека нејзиното инсистирање рускиот претседател Владимир Путин да им се придружи на западните лидери во Нормандија на 6 јуни, на церемонијата на одбележување на 70-годишнината од истоварувањето на сојузниците, има за цел да се избегнат грешките од минатото.

– Постојат моменти кога немате желба веќе да разговарате, како што е сега со Русија, рече Меркел која зборува руски и редовно со Путин разговара телефонски.

– Јас постојано се присилувам на разговар – додаде таа.

Меркел изјави дека руската анексија на Крим е неприфатлив потег бидејќи го наруши повоениот европски поредок, дури и ако 54 отсто од Германците изразија разбирање за анексијата, според анкетата што беше спроведена во март.

Територијалниот интегритет е камен темелник на нашиот повоен  европски поредок. Ако очнете да зборувате работи ако „тоа е мое право“ и тогаш преземете нешто што ќе се заврши со неверојатна несреќа, тоа не оди, рече Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top