| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 33 наслови од „Ѕвезди на светската книжевност“

бети канчевска и груевски

Нови 33 исклучителни наслови од големата едиција „Ѕвездите на светската книжевност“ денеска беа промовирани во НУБ „Климент Охридски“ во Скопје. Првпат на македонски јазик се преведени делата на Стендел, Џејн Остин, Том Волф, Михаил Шишкин и Тургенев.

Досега се преведени 300 од вкупно 560,  кои се дел од едицијата.

На промоцијата присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канчевска-Милеска, претседателот на комисијата која ја изработи проектната програма за оваа едиција, академик Митко Маџунков, директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ Иван Заров, писатели, преведувачи, лектори, издавачи.

бети канчевска

– Појавувањето на нивните дела во нашата едиција „Ѕвезди на светската книжевност“ може да се нарече празник и за нашата култура и за нашиот јазик. Проектот е еден од најамбициозните обиди за интеграција на светските литературни придобивки во македонската современа книжевност. Потребата од еден ваков проект се огледа во функција на надополнување на дометот на нашата национална култура, но и во насока на проширување на општествените хоризонти и можноста да се запознае глобалното творештво, естетика и идеи во контекст на различни временски периоди и делови на светот – рече Груевски.

Овие проекти, министерката за култура Канческа – Милевска смета дека ја етаблираат Република Македонија како држава која ги почитува и афирмира светските книжевни вредности и нивниот придонес во општиот цивилизациски развој.

– „Ѕвезди на светската книжевност“ е антологиски избор на најдоброто од светската книжевност. Нејзиното исклучително значење несомнено се огледува во афирмацијата на изразните капацитети на нашиот јазик. Овој проект ја потврдува виталноста и животворноста на македонскиот јазик, неговата колоритност која може да ги долови и најсуптилните мисли на врвните мајстори на пишаниот збор – истакна Канческа-Милевска, додавајќи дека сите овие проекти имаат исклучително културно, научно, и општествено значење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top