Италијанскиот изум, кој дозволуваше еден фудбалер да има два соптвеника, ќе биде укинат. Оваа одлука ја донеле претставниците на големите клубови од Апенинскиот Полустров со гласање на сите прволигашки екипи.
Оваа иницијатива ја почна Јувентус, поучен од неколку свои лични примери. Кон Јувентус се приклучиле и другите големи клубови, вклучувајќи ги Милан, Наполи, Лацио Интер, Рома и уште три тима од Првата лига.
Ова правило ќе важи од 1 јули кога еден тим не може да откупи половина од договорот на играчот.
По оваа ситуација ќе може да важи само правилото за зајмен играч. Така помалите клубови ќе можат да направат тим достоен за Прва лига.
Јувентус и Милан имаат голем број играчи од помладите категории кои се позајмени на помалите тимови и сега тие нема да имаат потреба да ги откупуваат нивните договори за да ги вратат во своите редови.
Ова правило за двојно сопствеништво важи само уште во некои јужноамерикански држави и во Португалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


