Осумдесет и пет илјади денари се украдени од дисконтот на Кам Маркет во Битола. Од полицијата известија дека грабежот е извршен околу 20.40 часот.
Според истражителите, разбојниците влегле во маркетот и го впериле оружјето кон вработените. Им се заканиле дека ќе го употребат оружјето ако не им ги дадат парите. Исплашени за својот живот, вработените им дозволиле мирно на разбојниците да земат 85.257 денари, па избегале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.