| четврток, 6 декември 2018 |

ФИБА донираше 100.000 евра за загрозените од поплавите

Меѓународната кошаркарска федерација и нејзиниот сектор за Европа – ФИБА Европа донираше 100.000 евра како помош за поплавените од Србија, Босна и Хрватска, ова беше објавено на сајтот на организацијата.

– Три балкански земји беа погодони од најлошите поплави. Се застана, вклучувајќи ги и кошаркарските натпревари, салите во Белград, Арена и Пионир, во кои играат Партизан и Црвена звезда беа претворени во засолништа. ФИБА и ФИБА Европа ќе допринесат со помош од 100.000 евра – пишува на сајтот на ФИБА.

Генералниот секретар на ФИБА и член на Меѓународниот олимписки комитет Патрик Бауман и претседател на ФИБА Европа Тургај Демирел рекоа дека – сега е време кошаркарскиот свет да се соедини и да направи се како би им помогнале на загрозените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top