| четврток, 6 декември 2018 |

Брејк и Кристина Арнаудова со песна од Маријана, Росана и Тоде (аудио)

brejk

Брејк и Кристина Арнаудова ја обработија легендарната Ако не исчезнам, која некогаш ја пееја Маријана, Росана и Тоде.Песната е промовирана денеска. Тие го вратија овој евергрин на еден многу интересен пристап.
Песната беше отпејана на Макфест 1989 година,а автор на истата е самиот Тоде Новачевски.

Сакам да заспијам
и да не се разбудам
од тебе, од себе
некако да избегам
да, од тебе, од себе
некако да избегам.

Сакам да заспијам
и да не се разбудам
од тебе, од себе
некако да избегам
да… сакам, а никако
никако не успевам.

Ако не исчезнам
ако не побегнам од се
или ќе полудам
или ќе умрам за тебе.
Морам да исчезнам
морам да побегнам од се
морам или ќе полудам
или ќе умрам за тебе.

Пробам да не мислам
и да не се надевам.
Тебе и срцето
ноќва да ве разделам
да… пробам, а никако
никако не успевам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top