Свеченото отворање на фестивалот „Про-за Балкан” е денеска, 27 мај во Младинскиот културен центар (МКЦ). Со присуство на авторите од настраданите земји на отворањето ќе им биде оддадена почит на жртвите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
На свеченото отворање на меѓународниот литературен фестивал „Про-за Балкан“ ќе бидат претставени и ќе се обратат писателите Даша Дрндиќ од Хрватска, добитник на наградата „Прозарт“, која фестивалот ја доделува на истакнат автор од Балканот за авторски придонес кон развојот на балканската книжевност; Алеш Чар од Словенија; Марио Леви од Турција; Драги Михајловски од Македонија; Слободан Шијан од Србија и Ненад Величковиќ од Босна и Херцеговина.
Организатор на интернационалниот литературен фестивал „Про-за Балкан“ е издавачката куќа „Икона“. Директор на фестивалот е Дејан Трајкоски. Уметнички директор е проф. д-р Александар Прокопиев. Членови на Уметничкиот совет на фестивалот се проф. д-р Елизабета Шелева и проф. д-р Ермис Лафазановски. Продуцент на фестивалот е Николчо Мадешовски, директор на „Икона“.
Веќе од среда ќе започне првиот литературен пазар во Македонија, каде што десетина издавачи од Македонија ќе им претстават повеќе од дваесетина наши писатели на членовите на првата Скопје фелоушип програма. Меѓу нив, како што претходно беше најавено, е светски познатиот литературен скаут, една од најпознатите дами во светот на издаваштвото, скаут за „Пингвин“, за „Рандом хаус Канада“ и уште многу други – Ен Луис Фишер од Велика Британија.
Фестивалот е финансиски поддржан од Министерството за култура, од амбасадата на Република Словенија, а логистички е помогнат од Европската Унија, амбасадата на Република Хрватска, амбасадата на Република Србија, амбасадата на Босна и Херцеговина, Младински културен центар, Град Скопје како и од ресторанот „Ориент Експрес“ и „Тивес мода“. Фестивалот „Про-за Балкан се заблагодарува за поддршката на Интернационалниот литературен фестивал „Танпинар“ од Турција, соопштија организаторите на фестивалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лејла Каламујиќ со три настапи на Про-за Балкан
-
Вечерва почнува 6. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“
-
Уредничка од легендарниот „Зуркамп“ и основачот на „Далки архив прес“ – гости на „ПРО-ЗА Балкан“
-
Добитникот на наградата „Прозарт“, Јерговиќ: Светот ќе го спасат Македонецот што го чита Кадаре и Албанецот што го чита Урошевиќ!