| четврток, 6 декември 2018 |

Металург титулата ќе ја прослави со своите навивачи

По повод освојувањето на 6-тата титула во машката супер лига во ракомет и пласманот во првите осум екипи во елитната Лига на шампиони, ракометниот клуб Металург организира прослава со кој ќе обележи најуспешната сезона во историјата на Клубот.

Прославата ќе се одржи во спортската сала „Автокоманда“ со одигрување на ревијален натпревар помеѓу Металург и Металург Јуниор исполнет со атрактивни потези на играчите, обаќање на тренерот на екипата Лино Червар, обраќање на играчите, делење на специјално дизајнирани маички, дел од својата опрема со која го постигнаа најголемиот успех во историјата на Клубот.

Дел од прославата како и секогаш ќе бидат и девојчината од „Аква денс“ клуб и нашата официјална маскота Металко кои дополнително ќе ја збогатат програмата.

Металург ги поканува сите навивачи и подржувачи на Клубот, а и сите останати кои сакаат да им оддадат почит на нашите играчи за сите убави моменти кои заедно ги поминавме во сезоната која што поминува.

Прославата ќе се одржи на ден 27.5.2014 година (вторник) во спортската сала „Автокоманда“ со почеток во 17.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top