| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија подготвена го чека новото невреме попладнево

Kej posle nevreme 05 (Custom)

Македонија попладнево ја очекува бура со поројни дождови, силни ветрови и грмотевици, се вели во соопштението на Хидрометеоролошкиот завод.

И денес подрачјето на Македонија се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса што ќе услови попладне на повеќе места да биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со обилни врнежи, засилен ветер и појава на град, јави Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Во некои делови од земјава веќе има грмотевици и пороен дожд, а, како што информираат од Управата, не може точно да се определи временскиот период кога и дали со сигурност нѐ очекува невреме бидејќи ситуацијата постојано се менува.

По обилните врнежи што синоќа го зафатија подрачјето на Скопје, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески рече дека нема извештаи за евентуални жртви и дека е предизвикана само материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top