| четврток, 6 декември 2018 |

Рамос не греши двапати, трофејот од ЛШ преживеа (видео)

Серхио Рамос не греши двапати, а трофејот од Лигата на шампионите не ја доживеа судбината на пехарот од шпанското првенство пред две години, кога токму стоперот на Реал Мадрид го испушти од раце.

Овојпат Рамос беше повнимателен и не дозволи реприза. Напротив Серхио беше најзаслужен за остварување на сонот и освојување на јубилејната десетта титула во ЛШ или КЕШ на „кралскиот клуб“. Со неговиот гол во последните моменти од судиското продолжение Реал Мадрид израмни на 1-1 против градскиот ривал Ателтико, а потоа во продолженијата на сцена стапија Бејл, Марсело и Роналдо, за уверливи 4-1 и комплетирање на „ла десима“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top