| четврток, 6 декември 2018 |

Има и пцости на ТВ кога се игра за титула (видео)

Љупко Петровиќ како тренер ја предводеше Црвена Звезда до европската круна во Бари пред 23 години, а вчера во улога на стручен ко-коментатор на телевизија очигледно се нервираше за време на клучниот меч на „црвено-белите“ против ОФК Београд. Црвена Звезда победи и по пауза од 7 години ја освои титулата во Србија, но се не одеше така мазно за фаворитот. Противникот поведе во 11. минута, а Петровиќ се подзаборави, па му се испушти и пцост за време на директниот телевизиски пренос. Погледнете како се нервираше трофејниот тренер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top