Двете тениски легенди Роџер Федерер и Венус Вилијамс со победи го почнаа походот на нови гранслем титули, иако овојпат не се главни фаворити на Ролан Гарос.
Федерер има еден трофеј од Париз, а вчера на стартот од турнирот со 3-0 го победи Лукас Лацко. Швајцарскиот ас имаше интересна изјава по мечот, велејќи дека му пречат камерманите и фоторепортерите.
„Ја менувам маицата на паузата, а тие се секогаш до мене. Снимаат, сликаат, како да е важно да ме има во фокусот постојано. Ми пречи непотребното внимание и кога се преблиску до мене. Не знам кој ги контролира камерите, кој е камерманот и зошто мора да се снима секој детал од моето однесување, и во моменти кога не се игра тенис, кога е пауза“, вели Федерер.
Венус ја мачат поинакви проблеми, иако и таа како и Роџер имаше добар почеток и се пласираше во второто коло со победа од 2-0 против Бенчиќ. Постарата од сестрите Вилијамс по 20 години професионална тениска кариера, одлучи да студира на Индијана Универзитетот. Дизајно ќе биде во фокусот на 33-годишната Американка.
„Досега немав време, но сепак одлучив да студирам. Тенисот ми одзема многу време, но сега е моментот да го завршам тоа што го сакам. Исто како што го завршувате мечот кога водите со 5-1 во третиот сет“, вели Венус Вилијамс. Таа има две титули од Ролан Гарос и вкупно 7 гранслем трофеи во поединечна конкуренција. Сестра и Серена е прв носител и фаворит, а таа и ја брани круната од лани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


