| четврток, 6 декември 2018 |

Црвена звезда по седум години ја врати титулата на „Маракана“

Фудбалерите на Црвена звезда со победа од 4-2 над ОФК Белград пред полната „Маракана“ ја освоија 26. титула, без разлика каков ќе биде исходот од последниот натпревар, бидејќи има три бода повеќе и подобар меѓусебен резултат од ривалот Партизан.

Сепак „црвено-белите“ немаа лесен натпревар со „романтичарите“, домаќините преку Палоќевиќ дојдоа до водство, но за кратко Лазовиќ израмни на 1-1. Пеќниќ повторно ги врати домашните во водство, но на паузата заминаа со резултат 2-2.

На самиот старт од вториот дел Звезда преку Мрѓа стигна до водство од 3:2, а кога Нинковиќ во 85. минута погоди за 4:2, славењето на „Маракана“ можеше да почне.

Навивачите на Звезда цели седум години чекаа да се израдуваат на трофејот. Партизан беше тимот што доминираше во претходните шест сезони, но, конечно, Звезда успеа да ја прекине доминацијата на големиот ривал. На „Маракана“ во Белград, околу 50.000 навивачи на „црвено-белите“ дојдоа да ја прослават титулата, која од „Хумска“ се пресели на „Љутица Богдан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top