| четврток, 6 декември 2018 |

ДПМ ќе одбележи 85 години од раѓањето на Гане Тодоровски

Друштвото на писателите на Македонија утре напладне ќе ја одбележи 85-годишнината од раѓањето на големиот македонски поет, книжевен научник, критичар, есеист, препејувач, полемичар и професор Гане Тодоровски. По тој повод триесетина македонски поети ќе читаат свои песни и песни од Гане Тодоровски. Средбата носи наслов „Поезија и вино“ во знак на сеќавање на големиот поет и боем. Манифестацијата ќе ја отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а импресии за Гане Тодоровски ќе презентира Кристина Николовска. Програмата ќе ја води Андријана Коровешовска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top