Малават Пурна, 13-годишно девојче ученичка од јужноиндиската сојузна држава Андра Прадеш е најмладата жена која се искачи на највискиот врв на светот, Монт Еверест, објавија во неделата индиските медиуми.
Пурна којашто на 10. јуни ќе наполни 14 години е ќерка на работник од фарма во село во округот Низамабаду и ученичка во државно училиште за сиромашни деца, се наведува во интернет страница на експедицијата во која таа учествувала на Монт Евересет.
Пурна е едно од дваесетината деца кои ги избрала социјалната служба на Андра Прадеш да учествуваат во искачувањето на врвот. Во истата експедиција на врвот се искачил и 18-тодишниот Ананд Кумар, пренесе телевизијата NDTV со што станал првиот припадник на кастата на недопирливите кој се искачил на Монт Еверест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.