| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли: Се надевам дека давам добар пример на своите ќерки

Angelina Jolie

Холивудската актерка Анџелина Џоли изјави дека сака нејзините деца да растат на начин на кој ќе бидат горди на себе, а коментарите на околината да не ги интересираат.

Анџелина, која има шест деца, Медокс (12), Пакс (10), Захара (девет), Шајло (седум) и петгодишните близнаци Нокс и Вивијен изјави дека посакува нејзините ќерки да ја развијат својата индивидуалност.

– Мислам дека ќе бидам горда на моите ќерки кога тие ќе пораснат сигурни во себе и ќе знаат знаат кои се. Би сакала сите млади да бидат горди на тоа што се, како и на своето потекло без оглед на тоа од каде доаѓаат, изјави Анџелина.

Актерката вели дека секој ден се труди да биде се подобра мајка. Таа вели дека никого не сака да навреди со својот начин на воспитување, туку само сака своите деца да ги направи среќни луѓе.

– Доколку сум им пример на ќерките се надевам дека сум им добар пример, заклучи таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top