| четврток, 6 декември 2018 |

Државната кардиохирургија до септември ќе започне со работа во новите простории

todorov

Најдоцна до почетокот на септември месец, Државната кардиохирургија ќе започне со работа во новите простории во рамки на Клиниката за кардиологија. Министерот за здравство Никола Тодоров кој денеска го посети објектот, истакна дека проектот е направен по сите светски стандарди, а реконструкцијата на целиот простор е во вредност од 650 илјади евра.

-Ќе има две операциони сали во кои ќе бидат изведувани кардиохируршки интервенции, интензивна нега со 6 кревети, како и соби каде што потоа ќе бидат сместувани пациентите по излегувањето од интензивната нега. Инаку, онака како што е овој центар поставен ќе може да се прават меѓу 150-200 интервенции годишно, во овие простории. За таа цел ние набавуваме и дополнителна медицинска и немедицинска опрема. Тендерите се завршени и за овој сегмент и се во вредност од околу 84 милиони денари, што значи целата инвестиција е околу 2 милиони евра, истакна Тодоров.

Со ова се заокружува целиот инфраструктурен аспект од проектот за Државна кардиохирургија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top