| четврток, 6 декември 2018 |

Франција – Го искасапил па му ги отсекол и тестисите – мислел спие со жена му

noz2

Мирно место на северот од Франција е потресено од бесрамно злострство невидено досега. Началникот на Бретвиј л-Рабет, во кој живеат околу 200 луѓе, е пронајден мртов и маскариран ноќта во петокот, а приказната која стои зад грозоморното убиството ја вчудоневиде цела Франција.

Засега неиминуваниот 39-годишен напаѓач му го одзел животот на Доминик Лебошер (55) бидејќи се посомневал дека тој е во љубовна врска со неговата жена , со која имал две деца.

Од љубомора го нападнал со нож – го избодел неколку пати, а она што е посебно интересно е фактот дека и го кастрирал. Потоа се убил и самиот.

Иако службено се дознава дека мотивот за ѕверското убиство и кастрацијата е наводната љубовна врска сепак никој од селото не верува дека началникот кој го избрале пред два месеци дека извршил прељуба на својата сопруга.

И таа самата тврди дека не верува во целата приказна за аферата, а не верува и неговиот заменик.

Убиецот бил љубоморен зошто неговата сопруга често одела на вечерните седници на советот на општинскиот совет, тврдат мештаните.

Во полицијат авелат дека истрагата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top