Ана Николиќ настапувала во Нови Сад во моментот кога поплавите почнале да носат се пред себе. На среде катастрофата, кој остави голем број на луќе без покрив на глава во Обреновац, нејзиниот роден Параќин, Свилајнац, Уб, Крупањ и други места, таа пеела во еден трговски центар. Ова ги налутило некои од посетителите во трговскиот центар, па решиле да ја „казнат“, пренесуваат српските медиуми. Две девојки биле толку револтирани што фрлеле јајца по неа додека таа била на сцената.
Иако сите мислеа дека настапот ќе биде откажан, Ана се појавила во трговскиот центар и на чудење на сите пеела додека стотина килиометри подалеку поплавите носеле животи. Луѓето го игонирале нејзиниот настап, брзајќи што поскоро да стигнат во своите домови за да ги чујат новостите од загрозените краишта. Две лути девојки купија јајац и ги фрлија кон пејачката на сцената“, изјавил за српските медиуми извор кој се нашол на лице место и додал:„Јајацата летаа кон неа, а Ане се однесуваше како ништо да не се случува. Како што паднаа на сцената нејзиниот брат Марко ги преклил скршените јајца, а девојките биле избркани од трговскиот центар од страна на обезбедувањето“.
Братот на Ана, Марко пак изјавил за медиумите дека никој не фрлала јајца неговата сестра и дека јајцата биле на бина пред таа да настапи. Тој објаснил дека настапот не можел да биде одоложен бидејќи имале потпишано договор со менаџерскиот тим на трговскиот центар. Марко објаснил и дека по прогласувањето на вонредна состојба во Србија Ана се вклучила во помош на луѓето настрадани од поплавите кои ја задесија Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.