Во Белград и некои други градови од поранешна СФРЈ денеска, 34 години по смртта на Јосип Броз Тито, ќе се одбележи Ден на младоста, кој во тогашната држава се славеше како роденден на доживотниот претседател.Иако официјално Тито е роден на 7-ми мај, 25-ти е ден кој е одбележуван како негов роденден. На тој ден пионери, младинци, студенти, но и припадници на војската на СФРЈ учествуваа во традиционалните слетови, кои што се одржуваа на тогашниот стадион на ЈНА.
По правило, од публиката излегуваа спортисти и младинци, кои на тој ден трчајќи преку стадионот се качуваа на свечените трибини, каде што се наоѓаа Тито, неговата сопруга и најблиските соработници, цврсто носејќи ја во раце Штафетата на младоста, која претходно беше носена во сите поранешни републики.
Штафетата секоја година беше различно дизајнирана, а на неа се наоѓаа пораки од младинците на СФРЈ наменети за „саканиот претседател“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)