| четврток, 6 декември 2018 |

Син на режисер убил шест лица поради личниот неуспех кај жените

sin-na-holivudski-rezhiser-ubi-shest-lugje-vo-kalifornija-186872Младиот човек кој во петокот уби шестмина луѓе во Калифорнија е Елиот Роџер, син на холивудскиот режисер Питер Роџер. Елиот со нож убил тројца луѓе, а потоа пукал и убил уште тројца во близина на Санта Барбара.

По убиствата, 22-годишниот Елиот се самоубил во близина на кампусот на Универзитетот во Санта Барбара. Вкупно се повредени 13 луѓе.

Неговиот татко, Питер Роџер е познат по учеството во реализацијата на успешниот филм „Hunger Games” од 2012 година.

Полицијата ги прегледува видеоснимките кои момчето ги поставило на YouTube под наслов „Казна”. На нив се гледа како Елиот Роџер управува со автомобил и раскажува за својата осаменост, омразата кон светот и огорченоста поради неговиот неуспех кај жените.

Полицијата објави дека Роџер со нож избодел тројца мажи во својот стан пред да излезе со огнено оружје. Кога излегол на улица пукал во три жени од кои две завршиле трагично. Третата жртва ја убил од својот автомобил, станува збор за 20-годишен студент.

Во BMW-то биле пронајдени три парчиња полуавтоматско оружје од 9 мм, купени легално и регистрирани, како и големо количество муниција.

Според семејниот адвокат, момчето боледувало од акутен облик на Аспергов синдром, а за неговото здравје се грижеле неколку специјалисти. Адвокатот Алан Шифман додал дека семејството на убиецот е скршено и упати искрено сочувство кон семејствата на сите жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top