| четврток, 6 декември 2018 |

Казни поради прегласна музика во Тетово

policija-2

Гласна музика од 98,9 децибели биле забележани при мерењето со фонометар за време на синоќешната контрола на кафулињата „Тантра“ на улицата „ЈНА“ и „Репаблик“ на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Акцијата била дел од редовните активности на полицијата за спречување на прекршувањата на дозволената бучава особено на оние угостителски објекти што се наоѓаат во приземјето на станбени згради.

– Сопствениците на двете кафулиња Ф.А.(31) и неговиот врсник П.Н(31) и двајцата од Тетово ќе се соочат со пријава и глоба од 200 евра во денарска противредност согласно член 8 став 3 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, рече Јосифовски.

Тој посочи дека токму во овој правец во последниот месец биле организирани средби со сопствениците на угостителските објекти при што тие биле запознати со законските одредби за бучавата, но и за забраните за точење алкохол на малолетници и пушење во затворени простории.

Контролите со поголемо темпо ќе продолжат и во следниот период, најави Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top