Премиерот Никола Груевски ги повика сите корисници на друштвените мрежи да се вклучат во он-лајн кампања во која ќе се промовира убавината на Македонија. Идејата, вели премиерот, во реткото видео во кое тој наместо за политика, зборува за хаш-тагови, е да се соберат сите фотографии, видеа и постови за убавината на Македонија на едно место ShareMacedonia.com. На сајтот сите туристи или луѓе ширум светот ќе можат да видат што им нуди Македонија, од традиционална храна како тавче гравче, до топлината на луѓето, културата и прекрасната природа.
Доколку имате фотографии и видеа од убавата Македонија, се што треба да направите е да им додадете #sharemacedonia во описот, без врска дали се постови на Facebook, YouTube, Instagram или Twitter, и тие автоматски ќе бидат агрегирани на ShareMacedonia.com сајтот, кој беше стартуван при крајот на ланската година од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)