| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска казни за предвремена кампања

Државната изборна комисија од денеска ќе почне да ги казнува кандидатите за градоначалници и за советници на претстојните локални избори кои предвреме ќе ја започнат кампањата со спроведување активности, вели за Капитал, потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи.

Изборниот законик предвидува „глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра да му се изрече за прекршок на правното лице ако не го почитува рокот за започнување и завршување на изборната кампања“.

На санкции подлежат и радиодифузерите кои ќе ги пренесуваат предвреме почнатите претставувања на кандидатот. Законикот предвидува глоба од 1.500 до 3.000 евра за прекршок на радиодифузерот ако пренесува содржини кои според Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања, се сметаат за изборно медиумско претставување, кое не е дозволено во периодот пред почнувањето на изборната кампања. Глоба во износ од 300 до 1.000 евра предвидува Законикот и за одговорниот уредник за истите дејства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top