| четврток, 6 декември 2018 |

Десетици повредени во силниот земјотрес со епицентар во Егејско Море (ВИДЕО)

Десетици лица беа повредени во Западна Турција во денешниот земјотрес со епицентар во Егејското Море. Во Чанаккале над 50 лица побарале лекарска помош, има настрадани и во Едрене и на островот Гочкеда, што се наоѓа најблиску до епицентарот на потресот.

Од владината Дирекција за управување со вонредни состојби соопштија дека потресот бил со интензитет од 6,5 степени по Рихтер.

afad-20-sarsinti-meydana-geldi-son-dakika-deprem-haberleri-_1117563_340_226

Земјотресот со епицентар во Егејското Море на длабочина од околу 25 километри бил почувствуван во поширок реон на Турција – од западната граница Едрене, Текирдаг, Каркалери преку Истанбул, Чанаккале, Балкесир, Маниса, до јужниот град Измир. По првиот потрес досега уследиле 14 вторични потреси.

Во Гокчеда биле повредени околу 15 лица, кои настрадале додека бегале или скокале од балконите. Во Чанаккале има околу 55 повредени, кои побарале лекарска помош.

Во Едрене, каде потресот бил почувствуван многу силно, паднале фасадите на неколку згради. И таму има повредени кои добиле лекарска помош.

Истанбулскиот окружен управник Хусеин Авни Мутлу изјави дека на територијата на округот нема повредени и информации за штети.

На многу места во прекин се телефонските врски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top