| четврток, 6 декември 2018 |

Спасувачите не смеат да влегуваат во вода

Сава полека се повлекува, но илјадници домови во Славонија сѐ уште се поплавени. Поплавите кои го зафатија регионот ја погодија и Хрватска каде во Вуковарско-сремката жупанија е прогласена и опасност од епидемии, па спасувачите вчера не смеат да влегуваат во вода, па работат само од чамци.

Нивото на Сава во некои делови падна до два метри, но од поплавите и од огромната количина на вода која надојде се создаде езеро, со дијаметар поголем од 100 километри.

Во Република Српска во поплавите загинаа 17 луѓе, повеќето од нив во Добој. Таму вчера беше прогласена тридневна жалост.

Во поплавените подрачја во БиХ пловат илјадници тела на мртви животни, a ако тие не се веднаш да се отстранат, постои опасност од зараза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top