| четврток, 6 декември 2018 |

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов дрско нападна новинар (видео)

Наместо професионално, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, дрско и безобразно одговори на новинарско прашање. Тој етикетирајќи новинар, навредувајќи медиум и буквално препирајќи се со новинар дојден на службена должност, а на покана на партијата, покажа крајна дрскост.

Истовремено со ваквото негово однесување, партискиот гласноговорник покажа непочитување на слободата на говор на еден новинар, кој постави прашање поврзано со моменталната ситуација во македонската политичка сцена. Иронично, но оваа партија од опозиција, постојано гласно критикува дека недоволно се почитува слободата на говор и слободата на медиумите во земјава.

По натписите на одредени медиуми дека Бранко Црвенковски е креатор на политиките во СДСМ, Курир постави логично последователно прашање: „Дали искуството и идеите на Црвенковски можат да му помогнат на СДСМ?“

За разлика од одговорот кој го даде на ова прашање, Шилегов на прашањата од другите медиуми одговори сталожено, не коментирајќи кој го поставува прашањето и не навредувајќи го медиумот во кој работи новинарот кој прашува. Тој освен што почна да етикетира новирани, денес јавно дискриминираше медиуми, дозволувајќи си да одлучи што и на кому ќе одговори.

Само за споредба, ова досега не го направил партиски портпарол на ниту една друга политичка партија во Македонија.

Во продолжение следува професионалното однесување на новинарот на задача и дрскоста и вербална бруталност на партискиот портпарол на СДСМ.

Курир: Господине Шилегов, денес медиумите објавуваат дека Бранко Црвенковски е креатор на политиките на СДСМ.

Можат ли неговите идеи и искуство да му помогнат на Социјалдемократскиот сојуз?

Шилегов: Вие сте од Сител, така?

Курир: Не, од Курир.

Шилегов: Значи од Курир. Вие од Курир тврдевте минатата недела дека Зоран Заев не е претседателот, туку дека е времен претседател и дека Бранко Црвенковски управува со СДСМ. Така што, не би коментирал медиум кој што за недела дена радикално ги менува своите ставови.

Курир: Денешниот текст не беше на Курир. Се повикавме на друг медиум кој го напиша тоа.

Шилегов: Пак ви кажувам. Ние кажавме, господинот Црвенковски е долгогодишен претседател на оваа партија и секое искуство негово може да се вклопува и е вклопено во функционирањето на СДСМ. Меѓутоа, непринципиелните и луцидни позиции кои ги заземавте изминатиов период во односот меѓу претседателот Заев и претседателот Црвенковски, се непринципиелни за да може воопшто да коментираме.

Неможејќи да најде разумен одговор на состојбите во СДСМ кои по изборите доживеаја тотално фијаско, партискиот портпарол, инаку носител на листа во ИЕ која ја загуби, се нафрли на новинар.

Вербалниот дуел очигледно за него претставуваше обид за бегање од поставеното прашање, кое повторуваме, беше поставено по натписи во поголем дел од македонските медиуми.

По сево ова, се очекува реакција од новинарските здруженија ЗНМ и МАН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top