Пoлициската станица во Прилеп поднесе кривична пријава против 50-годишниот прилечанец З.A., управител во „Микадо-Зоран“ ДОО-Прилеп и против наведеното правно лице за сторени кривични дела даночно затајување, лажен стечај и фалсификување или уништување деловни книги, како и против 60-годишната Љ.З.од Прилеп, стечаен управник, за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и лажен стечај.
З.А. со намера да избегне да плати данок на додадена вредност во износ од 262.000 денари непосредно по завршување на инспекциски надзор од страна на УЈП го оттуѓил имотот на целото друштво, лажно прикажувајќи дека е неликвидно и поднел предлог за стечај.
Пријавениот непречено продолжил со работа, а на 30 декември минатата година регистрирал нов правен субјект со иста дејност на име на неговиот син Д.А., на кој што во текот на месец јануари 2014 година извршил префрлување на целокупниот имот и на техничкиот персонал кој дотогаш бил пријавен во фирма која била во стечај.
Љ.З., во својство на стечаен управник, изготвила извештај за економско финансиска состојба во кој навела дека должникот подолго време не ја обавувал дејноста за која бил основан и дека нема да може да ја обавува со оглед дека нема имот, поради што истиот бил контрадикторен со фактичката состојба.
Со оваа постапка го довела во заблуда стечајниот судија кој донесува решение за заклучување на стечајната постапка без истата да се спроведува, со што му овозможила на пријавениот да избегне плаќање на данок на додадена вредност во износ од 469.033 денари на штета на буџетот на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.