| четврток, 6 декември 2018 |

Неверството- најефикасен начин за слабеење

Неверството е еден од најефикасните начини за симнување на килограми, покажува британското истражување

dnk-test-otkriva-neverstvo1
Малку повеќе од половината мажи и 62% од жените изјавиле дека изгубиле дел од тежината, откако почнале вонбрачна врска. Неверните мажи симнале просек 2,7 килограми, а неверните жени потрошиле во просек 4,5 килограми.

-Започнувањето на вонбрачна врска го става човекот под огромен притисок. Изговарањето на лаги, избегнувањето на директна конфронтација со официјалниот партнер и криењето зад грб на другиот предизвикува многу стрес. Зголемувањето на адреналин и  хормонот за стрес кортизол, се зголемува срцевиот пулс, дишењето е забрзо, крвниот притисок се зголемува и нивото на серотонин се зголемува, а сето тоа согорува калории- вели професорот по психологија од Бирмингамскиот градски универзитет Крег Џексон.

-Неверството води и до промени во однесувањето. Кога не сте во добро расположение, поголема е веројатноста да брзате од точка А до точка Б и брзо да го изедете ручекот или да испиете дополнителна чашка. Ова исто така може да доведе до топење на килограми. Освен тоа има и физички тензии. Плус многу мажи ќе сакаат да изгледаат добро за својата нова љубовница- додава истражувачот.

Но, неверните мажи треба да внимаваат, бидејќи истражувањето на универзитетот во Фиренца покажало дека женетите мажи кои изневеруваат, го зголемуваат ризикот од срцев удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top