| четврток, 6 декември 2018 |

Украина го победи Нигер со смешен гол (видео)

Украина ќе биде еден од противниците на Македонија во следниот квалификациски циклус за настап на Европското првенство во Франција за две години, а синоќа во пријателски меч во Киев e победен Нигер со 2-1.

Во дебитантскиот настап за Украина, Иван Ордец постигна убав гол со глава во 20. минута, Али Јусуф Омару во 55. минута израмни на 1-1, а домаќините, сепак, победија по огромната грешка на голманот на Нигер, Касали Дауда. Тарас Степаненко во 80. минута упати удар со глава, а топката мина низ рацете, а потоа и низ нозете на Дауда.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top