Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, оцени дека неговиот противник во финалето од Лигата на шампиони, Реал Мадрид, ќе биде опасен, без разлика која тактика ќе ја примени.
– До неодамна играа со тројца во средината и четворица одзади, а сега играат по системот 4-4-2, кој им донесе успех – вели Симеоне.
Симеоне смета дека претстојното финале е кулминација на вредната работа на неговиот тим во последните три години.
– Колективниот пристап на игра е нашиот клуч, почнувајќи од напаѓачот до голманот, сите знаат што треба да прават и на тој начин да го искористат целиот потенцијал на нашиот тим – рече Симеоне.
Финалето од Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ќе се одигра в сабота, на 24 мај, во Лисабон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.