Во репортажата се раскажува за богатата историја што ја има балканскиот Ерусалим истакнувајќи дека многу богатства, кои ги крие Охрид сѐ уште не се откриени. Порано се викал Лихнидос, име што значи „град на светлината“. Градот во минатото станал центар на византиската култура и христијанството. Бил дом на најпознатите учители, свети Наум и свети Климент, кои три децении работеле во Охрид, а до ден денес уживаат огромна почит од жителите во градот и целата земја.
Според легендата има 365 цркви и манастири во и околу Охрид, по еден за секој ден од годината. Токму затоа, градот се нарекува балкански Ерусалим и тоа со право, се вели во репортажата.
Како што истакнуваат во нивниот текст за Охрид, следната репортажа ќе ја направат за Матка, кањонот каде што ќе ја истражуваат легендарната пештера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.