Рори Мекилрој и Каролине Вознијачки ја раскинаа врската, иако двете големи спортски ѕвезди планираа свадба летово. Се откажа голферот, а самиот си призна дека дури откако ги пратил поканите до своите пријатели за свадба, се уплашил и сфатил дека не е подготвен за конечно „Да“ пред матичар.
– Проблемот е во мене. Минатиот викенд ги испративме поканите за свадба, и тогаш сфатив дека не сум подготвен за брачните обврски. И посакувам на Каролине среќа која ја заслужува и благодарен сум и на времето кое го минавме заедно – соопшти Мекилрој.
Вознијачки сѐ уште не проговорила јавно за шокот што го доживеа, а моментот за неа е исклучително лош бидејќи ја чека настап на вториот гранслем во сезоната. Во понеделник стартува Ролан Гарос во Париз, а Вознијачки ќе биде една од првите 15 носителки на турнирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.