| четврток, 6 декември 2018 |

Куртоа го олади Мурињо: Не сум голман за купови

Тибо Куртоа не сака да биде резерва во Челси и да брани повремено, па неговото враќање во Лондон од Мадрид е неизвесно. Младиот белгиски репрезентативец блеска сезонава и брани импресивно, а со Атлетико веќе освои една круна во шпанскиот шампионат и го очекува уште едно финале, в сабота против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Проблем за него е што тој е член на Челси, кој плати 5 милиони фунти за да го ангажира од Генк, а потоа го позајми во Мадрид во редовите на Атлетико. Куртоа блеска кај „јорганџиите“, а ако се врати во Челси, ќе го има за конкурент извонредниот ветеран Петр Чех.

– Го респектирам Чех. Тој е еден од најдобрите голмани на светот и мислам дека ќе биде голем проблем да бидеме заедно во ист тим. Никој не сака да брани само во купови и да биде резерва. Искрено јас велам дека ако дојдам во Челси, ќе сакам да бранам постојано. Веројатно и Чех го мисли истото и затоа речиси е невозможно да бидеме заедно во ист тим – вели Куртоа.

Белгиецот е млад има 22 години и е цела деценија помлад од Чех. Куртоа бранеше особено добро токму против Челси во полуфиналето од Лигата на шампионите кога Атлетико го елиминира неговиот Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top