Како што пренесуваат уругвајските медиуми, најдобриот фудбалер во Премиерлигата, Луис Суарез, на синоќешниот тренинг почувствувал болка во коленото, а по прегледот е утврдено дека го повредил менискусот.
Според информациите што пристигнаа за 27-годишниот голгетер, тој уште денеска би требало да биде опериран, за да биле во можност да ги предводи Уругвајците на Светското првенство во Бразил.
Заздравувањето по операција на менискус трае четири до шест недели, а мундијалот за Уругвај почнува на 14 јуни против Костарика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.