Четвтрок ќе биде уште потопол од среда. Иако само во мал дел од земјата, ќе дојдеме и до максимална температура од 30 Целзиусови степени. Попладне ќе има сосема мал развој на облачност во повисоките краеви во источниот дел од земјата, а таа ситуација може да донесе сосема краткотраен локален дожд.
Според метеопро.мк, максимална температура околу 25 степени се очекува во котлините во западниот регион, и околу 27 степени во котлините од источниот крај. Југот на Повардарието очекува максимална околу 30 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува претежно сончево време. Минималната температура ќе има вредност околу 10 степени. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност околу 29 степени. Ќе дува слаб северен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.