| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанката Адриана е убиената девојка во Ново Лисиче

6

38-годишната Адриана С. од Штип е убиената девојка во скопско Ново Лисиче. Таа е жртва на 42-годишниот Горан С. од Арачиново, кој по убиството се самоуби.

Полицискиот увид сѐ уште трае. Граѓаните кои живеат во зградата со број 10 на булеварот Ввидео Смилевски Бато, чекаат да заврши увидот за да влезат во своите домови.

Според првичните и неофицијални податоци, причина за убиството и самоубиството се љубовни проблеми. На убиството му претходело расправија меѓу двете жртви, по што се слушнале четири истрели. Инцидентот се случил во влезот од зградата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top