| четврток, 6 декември 2018 |

Животот на Петковски се промени за неколку секунди…

rekonstrukcija

Семејството Петковски од Тетово дошло и се населило во Ѓорче Петров пред 20 години, веднаш по турбулентните настани кога граѓаните спречија обид за изградба на камп за бегалци од војната во Босна. Куќата ја изградиле непосредно до местото каде што загина Ангел. Започнале нов живот, а кога Ангел пораснал се запишал во Средното медицинско училиште во Тетово. Дваесет години по доаѓањето во Скопје, животната судбината на семејството Петковски втор пат се менува. Овој пат за само неколку секунди.

Во моментот на убиството, оние кои биле во близина само слушнале еден крик – „сине“ и виделе страотна глетка. Таткото со синот на раце легнат на скали, а по неколку секунди и тој онесвестен легнат покрај синот. Соседи и пријатели се стрчале да помогнат, но останале стаписани. Никој не знаел што да прави.

angel

Траорна беше сликата на најдобрата другарка на Ангел. Таа пиштеше, родителите ја држеа. Паѓаше неколкупати во несвест од хистерични напади предизвикани од жал по изгубениот другар. Неколкупати ја освестуваа со вода. Не сакаше да си замине од местото.

– Ангел, зошто Ангел, што ќе правам сега без тебе – лелекаше девојчето.

Само неколку минути потоа нов шок. Од блиската патека со трчање се приближи жена. Таа пиштеше и се фрли кон телото на Ангел. Тоа беше мајката.

– Ангел ми го заклаа. Јас си идев од работа и гледам Брза помош, сите викаат Ангел е мртов. Не верував, нозете сами ме донесоа до моето чедо. Зошто, зошто – лелекаше жената во прегратките на постара роднина…

Целиот текст во Нова Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top