| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе деца, помалку бракови во првото тримесејче

bebe-u-porodili--tuВо првото тримесечје од годинава се родиле 5.635 бебиња што е зголемување за 4,4 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, природниот прираст изнесува 354 лица што значи дека за толку бројот на живородени деца е поголем од бројот на умрените лица.

Во првото тримесечје од годинава починале 5.281 лице од кои 56 доенчиња. Бројот на умрени лица бележи зголемување од 6,2 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Во овој период склучени се 2.597 бракови и во споредба со истиот период минатата година забележано е намалување за 10,2 проценти, додека зголемување има кај разведените бракови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top