| четврток, 6 декември 2018 |

Мила Кунис веќе не ја крие бременоста (фото)

Мила Кунис во бременоста едноставно блеска. Во петокот денот го искористи за шетање по Лос Анџелес со сестрата на нејзиниот вереник Тауша, која исто така е бремена.

Мила облечена во долго здолниште и куса сина маица гордо го покажа нејзиниот се поголем стомак, кој до неодамна со сите сили се обидуваше да го сокрие.

Таа и Ештон Качер го очекуваат нивното прво дете, а актерката неодамна во шоуто на Елен ДеЏенирис откри дека по цели денови јаде кисела зелка. Качер сака што повеќе да ги задоволи нејзините невообичаени барања, па фрижидерот го наполнил со секакви продукти.

Мила и Ештон се подготвуваат за доаѓањето на нивното прво дете и неодамна купија вила во Беверли Хилс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top