Поранешниот член на „Битлси“, Пол Макартни, ја откажа јапонската турнеја „Out There“ поради влошување на вирусната инфекција и ќе мора да се одмора, соопштија денеска организаторите на концертот.
Тие не информираа што ќе биде со другите концерти од азиската турнеја. Пол Макартни (71) требаше да настапува в среда во Токио, в сабота во Осака. Последен пат во Јапонија бил во ноември.
– Се радував дека повторно ќе свирам во Јапонија откако во ноември ни беше толку многу убаво. Сакам да им заблагодарам на моите обожаватели во Јапонија за нивната љубов, пораките на поддршка и за разбирањето – рече во соопштението додавајќи дека е многу разочаран.
Пол Макартни се разболе откако пред една недела допатува во Јапонија. Организаториите велат дека лекарите му одредиле целосен одмор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.