Учениците и наставниците од средното медицинско училиште „Никола Штејн“ од Тетово денеска со палење свеќи пред фотографија поставена во паркот пред Центарот за култура, му оддадоа почит на својот соученик Ангел Петковски, кој вчера беше убиен во населбата Ѓорче Петров во Скопје.
Тие на овој начин се простија од матурантот со кого пред само четири денови ја прославиле матурата.
– Трагичната вест за смртта на матурантот Ангел Петковски ја примивме многу тешко. Утеха нема и се надеваме дека вакви работи нема да се случуваат во иднина. Ангел беше трудољубиво дете и иако доаѓаше од Скопје, беше редовен и на наставата и на практиката, а, како што велат неговите соученици, тој им беше и рамо за плачење. Во четвртокот заеднички ја прославивме матурата, се видовме и со неговите родители, кои дојдо да го испратат, но тоа беше последното убаво нешто што се случи со нашиот Ангел – изјави класната раководителка Сребра Цветковска.
За неговата професорка Душица Поповска, која во прва и во втора година му била класна раководителка, убиството на Ангел е голема трагедија и нема зборови со кои може да се опише тагата.
– Пред да замине Ангел ја прославиме нашата матура, која ќе ја памтиме засекогаш. Тој ја согледуваше неправдата и се обидуваше да ја искорени. Момчето беше ретко несебично. Илјадници свеќи ќе горат за тебе ангелу наш и илјадници солзи ќе се пролеат бидејќи сите тагуваме. Горди сме што некогаш сме те имале бидејќи ти беше нашиот другар за утеха. Засекогаш ќе останеш во нашите срца и ние никогаш нема да те заборавиме – рече неговата соученичка Анета Јовановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка