| четврток, 6 декември 2018 |

Писториус се прави луд

Судењето на Оскар Писториус за убиството на неговата девојка ќе биде одложено до 30 јуни бидејќи јужноафриканскиот параолимпиец ќе подлежи на едномесечна психијатриска процена за да се утврди дали бил казнено одговорен.

Судијката Токозила Масипа рече дека Писториус мора да се пријави во преториската болница „Вескопис“, една од најугледните за ментално здравје, како надворешен пациент во период до 30 дена, почнувајќи на 26 мај.

Процената би требало да утврди дали – обвинетиот при ментална болест или ментално нарушување во време на сторениот деликт бил казнено одговорен за делото што му се припишува и дали бил способен да ја препознае злата природа на своето дело.

На Писториус му се заканува доживотна казна затвор доколку биде прогласен за виновен за убиство на неговата девојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top