| четврток, 6 декември 2018 |

18 лица приведени во синоќешните немири во Ѓорче Петров

убиство-во-Ѓорче-6

фото: Телеграф

Осумнаесет лица се приведени по синоќешните тензии и инциденти во населбата Ѓорче Петров. Пет од нив се малолетни. Немирите настанаа како последица на револтот од убиството на 19-годишниот Ангел, матурант од средното медицинско училиште.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објасни дека осомничениот во 17 часот вчера се обидел да го украде велосипедот на Ангел, кој бил во дворот на куќата. Ангел и неговиот татко ја забележале кражбата, по што Насер Е. почнал да бега. Тие се качиле во автомобил и почнале да го бркаат крадецот. Се паркирале кај болницата „Св. Лазар“ и тргнале пешки. Кај пешачкиот мост во Сарај настанала вербална расправија и тепачка, по што Н.Е. извадил нож и со два убода во срцето го усмртил младото момче. Случајот во полиција го пријавиле очевидци. Веднаш била повикана и Брза помош, момчето било однесено во болницата „Св. Лазар“, но залудни биле сите напори да му се спаси животот.

Против осомничениот убиец е поднесена кривична пријава за убиство и одредена му е мерка притвор. На полицијата тој ѝ е познат вршител на кривични дела. Ножот со кој е извршено убиството сѐ уште не е пронајден.

Од МВР апелираат граѓаните да се воздржат од секакво предизвикување и учество во тензии и немири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top