| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатна работилница за бременост

p

Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца „Лулка“ од Скопје ќе одржи едукативна работилница „Најзначајните информации за бременоста и породувањето“ в среда, на 28 мај (18 часот). Досега работилниците ги посетиле над илјада бремени жени и нивни партнери.
Работилницата е наменета за бремените жени и нивните партнери од Скопје и околината и за младите кои допрва ги чека одлуката за формирање семејство. Бремените жени и партнерите треба да се запознаат со сите аспекти на бременоста и породувањето (медицински, психо-физички, емоционални) и како да се заштитат себеси и своето бебе. Младите луѓе, пак треба да ги знаат основните информации за бременоста, со цел да имаат посакувана и планирана бременост кога за тоа ќе бидат подготвени.

Работилницата ќе се одржи во центарот на Скопје, во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top